Трката „Тур Д'Франс“ за првпат би можела да се одржи без навивачи

Тур

Властите во Франција сериозно размислуваат овогодишното издание на најпознатата велосипедска трка во светот, „Тур Д'Франс“ да се одржи без присуство на навивачи на улиците.

Коронавирусот се заканува и одзема животи низ цела Европа, па поради тоа сите погодени држави се претпазливи со организацијата на големи настани во месеците по епидемијата.

„Сето тоа веќе се разгледува, дури и одржување на „Тур Д'Франс“ без присуство на гледачи. За разлика од другите натпреварувања, овој настан не се потпира на продажба на билети во својот економски модел, бидејќи доаѓањето на навивачи по патиштата е бесплатно. Мислам дека сега целиот одговорен свет е во своите домови и дека тие би сакале да ја гледаат трката пред малите екрани“, изјави францускиот министер за спорт, Роксана Марачинеану.

Најпознатата велосипедска трка на светот е планирана да започне на 27 јуни во Ница, а да заврши на 19 јули низ улиците во Париз. Традиционалната трка во својата историја е прекината само поради светските војни, па не се очекува оваа епидемија да се испречи на организацијата.