Среде бел ден украден трофејот на „Тур д’ Франс“!

Трофејот на најпознатата велсипедска трка во светот, „Тур д’ Франс“, изненадувачки е украден на среде бел ден за време на велосипедско шоу во Бирмингем. Одличјето кое минатата година го освои Џерајнт Томас, бил позајмен на произведувачот на велосипеди „Пинарело“, кој го изложил заедно со серија на други трофеи низ цела Велика Британија. 

Тимот „Скај“ потврди дека трофејот е украден во еден од ретките моменти кога бил оставен без надзор. Полицијата веќе запчна истрага и трага по крадецот. 

„Тој трофеј има ограничено значење за крадецот, а мене и на мојот тим многу ни значи“, истакна Томас. 

Директорот на „Пинарело“, Ричард Хемингвеј го повика крадецот да го врати трофејот, а и лично им се извини на Томас и членовите на неговиот тим.