Константин Костоски ја претставува Македонија на Европското друмско првенство во Франција

Младиот македонски велосипедист, Константин Костоски, ќе ја претставува Македонија меѓу најсилната конкуренција на Европското друмско првенство. 

Собирот оваа година се одржува во Франција, а Костоски ќе ја започне својата авантура во Дром Ардеш, каде ќе се натпреварува со најдобрите велосипедисти во јуниорска конкуренција. 

Нашиот надежен велосипедист ќе биде придружуван од повеќекратниот првак на Македонија, Виктор Ванчевски.