Фрум има скршеница, нема да вози на Тур Д‘ Франс

Четирикратниот освојувач на Тур Д‘ Франс, Крис Фрум, нема да биде дел од најпретсижната велосипедска трка оваа година затоа што има скршеница на ногата.

Главниот фаворит за победа паднал за време на тренинг пред почетокот на четвртата етапа на една од трките кои се подготвителни за Тур Д‘ Франси веднаш бил хоспитализиран. Лекарскиот тим утврдил дека се работи за фрактура на бутната коска и дека тој нема да може да вози на настанот.

34-годишниот Фрум оваа сезона не вози во добра форма, но, сепак, беше прв фаворит за победа на Тур Д‘ Франс. Ова ќе биде прва велосипедска трка во Франција без Фрум од 2011 година.