• Зоран Мишевски
Велосипедскиот клуб „Спид бајк“ од Кичево на патеката кај Крушино организираше трка во вело-крос од календарот за оваа година. На натпреварувањето учествуваа најдобрите велосипедисти и велосипедистки од сите клубови во нашата земја.
Ана Крбалевска од 15 Мај од Битола е победник на трката во женска категорија.
Наредна трка во вело-крос ќе се вози во Битола на 2 февруари и истата ќе биде официјално првенство на Македонија и последна трка во вело-крос за ова сезона.
Велосипедската федерација на Македонија на 28 февруари во Битола ќе ја одржи завршната свеченост оваа година, на која ќе бидат доделени наградите за оваа сезона.