Домаќинот Унгарија е првиот финалист на ватерполо турнирот на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува на отворениот базен во Будимпешта. Подмладената унгарска селекција со многу проблеми во првиот период, но авторитетно во продолжението, ја совлада Грција со 7-5 (2-1, 3-3, 1-0, 1-1).