Ватерполистите на Србија се освојувачи на овогодишната Светска лига, откако денес во финалето славеа победа над САД со 10-6 (2-0, 3-1, 3-0, 2-5). За популарните „делфини“ денешната титула е нивна јубилејна десетта, а четврта по ред.
Ватерполо репрезентацијата на Србија успеа да се пласира во ново финале на светската лига, откако на завршниот турнир во Кина ја совлада селекцијата на Италија со 7-4 (2-1, 2-1, 1-1, 2-1). „Делфините“ во финалето се пласираа доминантно, без да им дозволат на Италијаните водство во мечот.
Ватерполистите на Југ од Дубровник се нови прваци на Европа по победата во финалето во Будимпешта против Олимпијакос со 6-4. За ватерполистите од Дубровник оваа титула е нивна втора европска круна по онаа во 2006 година. Исто и како пред 10 години и оваа сезона се шампиони на Хрватска и освојувачи на Купот.
Хрватскиот Југ и Солнок од Унгарија се последните два полуфиналисти на „фајнал-сикс“ на Лигата на шампиони во ватерполо, чиј што завршен турнир започна денес во Будимпешта. Југ беше подобар од вториот унгарски тим Егер со 8-6 (2-2, 2-1, 1-2, 3-1) и во полуфиналето утре ќе се сретне со бранителот на титулата Про Реко.
Вљубениците на ватерполо спортот во Македонија по неколку години пауза би можело повторно да погледнат врвен меч од овој спорт, откако ватерполо федерациите на Црна Гора и Србија постигнаа договор за промоција на овој спорт во регионот.
Ватерполистите на Југ од Дубровник по вторпат ја освоија титулата во регионалната ватерполо лига. На Ф4 завршницата, Југ конечно го совлада владетелот од изминатите три години Приморје од Риека, од кој губеше во изминатите три финалиња со 9-5 (2-2, 2-2, 3-0, 2-1).
Еден од најдобрите ватерполисти на сите времиња, Александар Шапиќ, одлучи да се одрече и да ги продаде сите свои медали и одличја, а целиот приход ќе биде наменет за хуманитарни цели.
Унгарската ватероло легенда Петер Бирош одлучи да стави крај на својата богата кариера во 39. година од животот. Тројниот олимписки шампион ја игра последната сезона под капата на унгарскиот повеќекратен шампион Егер.
По завршувањето на ЕП во ватерполо, кое се одржуваше во Белград, со ждрепка беа одредени групите и во машка за претстојниот квалификационен турнир за пласман на игрите во Рио.
Ватерполистот на Србија, Андрија Прлаиновиќ, е избран за најкорисен играч на штотуку завршениот Eвропски шампионат во ватерполо, кој се одржа во Белград (Србија).
Во финалето на Европското првенство во ватерполо кое се одржа во Белград (Србија), репрезентацијата на Србија извојува победа над Црна Гора со 10-8 (1-3, 2-1, 3-2, 4-2) и стана старо-нов европски владетел. Финалето се одигра пред рекордни 16.000 гледачи во „Комбанк арената“.
Женската репрезентација на Унгарија е нов европски шампион во ватерполо. Унгарките во финалниот натпревар ја победија Холандија со 9-7 (3-3, 1-2, 3-2, 2-0).
Второто полуфинале на Европското првенство во ватерполо Србија, донесе интересен и неизвесен натпревар. Екипите на Унгарија и Црна Гора покажаа зошто се во врвот на светксото ватерполо. На крајот, Црна Гора победи со 8-5 (2-2, 2-1, 1-1, 3-1) и закажа балканско финале со домаќинот Србија.
Без дилеми и неизвесност, српската ватерполо репрезентација обезбеди место во финалето на Европското првенство на кое е домаќин. Во првото полуфинале во Белград, пред 9.000 гледачи, Србија ја декласира Грција со 13-7 (4-3, 2-0, 4-1, 3-3).
Ватерполистите на Унгарија се последниот учесник во полуфиналето на ЕП во Ватерполо кое се одржува во Белград. Во четфртфиналето беа подобри од репрезентацијата на Хрватска, која ја совладаа со 8-5 (2-1, 3-2, 1-1, 2-1). За унгарските ватерполисти денешната победата беше осма во нивниот деветти меѓусебен дуел.