Славниот хрватски ватерполист кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот во земјата, Сандро Сукно, ја заврши играчката кариера на 28 години поради проблеми со срцето.
Унгарската ватерполо репрезентација е победник на Европа Купот, натпреварување кое заврши вчера во Хрватска. На првиот турнир кој се играше по новите правила, Унгарците во финалето ја совладаа селекцијата на Хрватска со 10-8 (2-2, 3-1, 3-2, 2-3).
Челниците на Светската ватерполо федерација одлучија да воведат неколку нови правила кои ќе го модернизираат овој спорт. Тие треба да донесат динамика на натпреварите, но и намалување на нерегуларните моменти.
Европската федерација за пливање и пливачки спортови (ЛЕН) го прогласи Србинот Филип Филиповиќ за најдобар ватерполист во Европа за 2018 година. Европскиот првак со репрезентацијата на Србија, играше во финалето на Лигата на шампионите со Про Реко и ја освои двојната круна во Италија.
Српските клубови кои учествуваат во Регионалната лига во ватерполо нема повеќе да играат во Сплит, поради нападот на членовите на Црвена Звезда, непосредно пред дуелот со сплитќани.
Светската пливачка федерација (ФИНА) одлучи Белград и Српскиот ватерполо сојуз да бидат домаќини на завршниот турнир на Светската лига во 2019 година. Истиот е закажан за периодот од 18 до 23 јуни.
Љубителите на ватерполото в петок од 20:00 часот и в сабота од 13:00 часот на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе имаат можност да уживаат и да проследат интересни натпревари во рамките на традиционалниот ватерполо турнир кој се одржува по повод ослободувањето на град Скопје.
Ватерполо репрезентацијата на Унгарија е победник на Светскиот Куп во Берлин, откако многу полесно од предвиденото во финалето ја совлада Австралија со 10-4 (2-1, 2-1, 4-0, 2-2. Одличната трета четвртинана Унгарците го реши победникот и по неколку години трофејот од ова натпреварување се враќа во Унгарија.
На големо изненадуваање на светската јавност, Унгарија и Австралија ќе играат во финалето на Светскиот Куп во ватерполо, кој се одржува во Берлин. Ако првата сеонзација беше елиминацијата на Хрватска во четвртфиналето од Австралија, никој не очекуваше дека „кенгурите“ имаат сили и за пласман во финалето.
Елиминацијата на светскиот првак Хрватска уште во четвртфиналето е единственото големо изненадување на завршницата на Светскиот Куп во ватерполо во Берлин. Унгарија, Австралија, Германија и Србија обезбедија место во полуфиналето овој викенд.
Спортот кој во минатото ни приредуваше пријатни мигови повторно е на сцена. За популаризацијата на еден од најатрактивните спортови, ватерполото, клубовите Бета и Куманово започнаа нов проект.
Градот Охрид, овој викенд ќе биде домаќин на ревијален ватерполо турнир. Истиот ќе се одржи на Градското пристаниште, а учество ќе земат ветераните на ватерполо клубовите АПК Студент и Вардар од Скопје, Челични од Штип, Струга од Струга и домаќинот Охридски бранови од Охрид.
Најдобриот европски ватерполо тим, Олимпијакос, ги доби ривалите во претстојната сезона во Лигата на шампионите и се најде во групата Б и има релативно лесна задача да мине во наредната рунда.