Репрезентацијата на Србија без поголеми проблеми славеше над селекцијата на Германија во вториот натпревар од групата А на Европското првенство во ватерполо, со резултат 14-6 (3-2, 5-2, 2-2 и 4-0).
Српските ватерполисти ја оправдаа улогата на фаворити на Европското првенство во Хрватска и со победата над Израел од 22-1 направија добра увертира за големото дерби со Германија.
Хрватска ќе ги дочека најдобрите ватерполисти на стариот континент, бидејќи вторпат во низа ќе биде домаќин на Европско првенство. Базените во Загреб и Дубровник ќе бидат дом на најдобрите 16 селекции од денес до 16 јануари.
Воениот конфликт во Израел и Палестина помести уште еден спортски настан. Федерацијата на водени спортови (ЛЕН) по состанокот со ватерполо федерацијата на Израел објави дека Европското првенство кое требаше да се игра од 3 до 16 јануари 20424 година се откажува.
По повод 13 Ноември – денот на ослободувањето на Скопје, во главниот град ќе се одржи третиот по ред меѓународен Мастерс турнир во ватерполо во базенот „Борис Трајковски“.
Европското првенство во ватерполо, кое треба да се одржи во јануари следната година во Израел, е под голем знак прашалник поради палестинско-израелскиот конфликт. По овој повод соопштение се огласи и Европската федерација за водни спортови (ЛЕН).
Тимот на Велосипедскиот клуб Енерџи, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, го освоија третото место на Етапната трка во планински велосипедизам WILD BEAR, која од 8-10 септември се одржа на планината Тара во Србија.
Финалето на Светското првенство во ватерполо во Фукуока понуди неверојатна драма, по која на крајот Унгарија се радува на трофејот. Унгарците подобро изведуваа пенали и со 4-3 (10-10) дојдоа до триумф над Грција.
Ватерполо репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство кое се одржува во Фукуока, откако во „малото финале“ ја совлада Србија со 9-6.
Во очекување на машкото финале меѓу Унгарија и Грција, светското ватерполо го доби новиот светски првак во женска конкуренција. Репрезентацијата на Холандија по подобро изведување на петерци ја совладаа Шпанија со 17-16 (резултатот во регуларниот дел беше 12-12) и го освои златниот медал.
Репрезентацијата на Унгарија ќе ѝ се приклучи на Грција во големото финале од Светското првенство во ватерполо, откако во полуфиналниот дуел славеше над фаворизираната Шпанија со 12-11 (3-3, 1-3, 3-2, 5-3).
Ватерполо репрезентацијата на Грција е првиот патник во финалето на Светското првенство во Фукуока, откако целосно ја „разби“ Србија со 13-7. Грците одиграа исклучително квалитетен меч во полуфиналето, додека Србите беа под своето ниво и тоа се рефлектира со убедливата победа.
Женската репрезентација на Шпанија е вториот патник во големото финале од Светското првенсто во ватерполо што се одржува во јапонскиот град Фукуока, откако во полуфиналниот дуел славеше над селекцијата на Австралија со 12-10 (5-2, 3-4, 2-2, 2-2).
Женската репрезентација на Холандија е првиот патник во големото финале од Светското првенство во ватерполо, откако славеше победа над соодветната селекција на Италија со 8-7 (4-2, 2-3, 2-2, 1-1).
Репрезентацијата на Унгарија се пласира во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо, откако ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави со резултат 13-12 (4-4, 3-1, 3-2, 3-5).
Ватерполистите на Србија ја изненадија фаворизираната Италија и по подобро изведување пенали (4-3) се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во Фукуока.