Ватерполо репрезентацијата на Србија освои ново олимписко злато, откако во денешното финале против изненадувањето Грција славеше сигурна победа од 13-10 (6-3, 2-4, 2-2, 3-1). Ова е најдобар можен крај на репрезентативната кариера на седум српски ватерполисти, кои последен пат играат за селекцијата на својата земја.