Српските ватерполисти ја победија Грција со 9-3 (3-1, 3-2, 0-0, 3-0) и обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Јужна Кореја. Подмладениот состав на Дејан Савиќ сега ќе има три дена пауза, а потоа ќе се бори за полуфиналната фаза. Таму противник ќе им биде Шпанија или Јапонија.