• Саше Љолес
Капитенот на српската ватерполо репрезентација, Никола Јакшиќ, ќе настапи во финалето на Европското првенство против Унгарија, откако беше прифатена жалбата на Ватерполо сојузот на Србија за црвениот картон што го доби во полуфиналниот натпревар против Италија.
Суспензијата од еден натпревар е поништена, а Јакшиќ е ослободен од одговорност и ставен на располагање за финалниот дуел. Така, селекторот Урош Стевановиќ ќе може да смета на својот капитен во борбата за златниот медал.
Јакшиќ беше исклучен во полуфиналето против Италија, што автоматски носеше суспензија за следниот натпревар, но по позитивната одлука по жалбата, тој ќе биде дел од составот за големото финале кое се игра утре против Унгарија со почеток од 20:30 часот.
ФОТО/PHOTO: Slobodan Sandić/Ватерполо сојуз на Србија