Започнува ватерполо спектаклот во Белград: Србија апсолутен фаворит на машкиот турнир

Ватерполо арена

Денес во Белград во „Комбанк арената“ започнува европското првенство во ватерполо во машка и женска конкуренција. Првенството ќе трае до 23. јануари, а титулите ги бранат Србија и Унгарија до двете конкуренции. На стартот на машкиот турнир следува голем дуел на ривалите Србија и Хрватска, а најавена е и рекордна посета од преку 11.000 луѓе. Ова е распоредот на групите.

Машки турнир:

А група: Црна Гора, Шпанија, Холандија, Словачка

Б група: Франција, Хрватска, Малта, Србија

Ц група: Германија, Грузија, Италија, Романија

Д група: Унгарија, Русија, Грција, Турција

Женски турнир:

А група: Португалија, Русија, Холандија, Унгарија, Турција, Грција

Б група: Хрватска, Србија, Италија, Франција, Германија, Шпанија