• Зоран Мишевски
Од денес во олимпискиот базен во Барселона започнува нокаут-фазата на Европското првенство во ватерполо во машка конкуренција. Четирите победници на групите: Хрватска, Србија, Италија и Шпанија директно се квалификуваа во четвртфиналето, а попладнево и вечерва ќе ги дознаат своите следни ривали.
Осминафинале:
Унгарија - Холандија
Германија - Грција
Црна Гора - Романија
Франција - Русија
Титулата од пред две години ја брани селекцијата на Србија, која во финалето во Белград ја совлада Црна Гора.