Започна поставувањето на базенот во „Комбанк Арена"

Поставувањето на базенот во „Комбанк Арена“, започна денес и се очекува целосно да биде наместен до 4. јануари следната година. Србија ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во ватерполо, кој ќе се одржи од 10. до 23. јануари 2016 година.

Полнењето со вода на големиот базен е планирано да започне на 4. јануари. Вкупно за полнење на базенот ќе се потрошат 1386 метри кубни вода и дополнителни 750 кубни метри во базенот за загревање. Целиот процес на полнење и загревање се очекува да трае 36 часа.

Србија е бранител на титулата која ја освои во Унгарија во 2014 година. Првиот натпревар домаќинот го игра против репрезентацијата на Хрватска на 10 јануари во 20.30 часот. Се очекува првенството во главниот град на Србија, да ги урне сите рекорди на посетеност во историјата на европските шампионати во ватерполо.