• Мартин Танасковски

Ватерполо клубот Вардар Ветерни организира турнир на кој ќе настапат ветерански екипи од регионот и ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Турнирот е планиран да се одржи овој викенд, на 28 и 29 октомври. На него покрај организаторот Вардар кој ќе настапи со две екипи учество ќе земат ветеранските екипи на Макарска од Хрватска, Јадран Херцег Нови и Будва од Црна Гора, екипата на Београд од Србија.
Екипата на Јадран Херцег Нови е актуелен европски првак, од последното официјално Европско Првенство за ветерани, одржано оваа година во Рим, Италија, во организација на европската федерација ЛЕН.
Турнирот веќе прераснува во традиција и се организира секоја година, се со цел афирмација на ватерполото, како и дружба и стекнување пријателства помеѓу љубителите на овој спорт од целиот регион.
Натпреварите ќе се играат во петок од 13:00 до 16:30 и во сабота од 15:00 до 19:30 часот.