ВИДЕО: Зошто Црногорците тврдат дека им е украдено златото од ЕП во Белград

Ватерполистите на Србија во финалето од Европското првенство беа поуспешни од Црна Гора, победувајќи со 10-8 и по трет пат во низа се европски прваци. 

Црногорската јавност како и целата нивна репрезентација сметаат дека се оштетени и дека Србија не го заслужи златото. За главни виновници ги сметаат судиите на натпреварот поради непризнатиот гол на Радовиќ, кој го постигна за водство од 7-6. Едниот судија го призна голот, но другиот го поништи со што резултатот остана 6-6.

Капитенот на црногорската репрезентација, Никола Јановиќ за оваа ситуација изјави:

„Судиите едноставно не уништија!“