ВИДЕО: Ватерполистката Јаковљевиќ постигна гол кој е ретко виден до сега

Тијана Јаковљевиќ на ЕП во Белград постигна феноменален гол кој ретко се гледа.

Ватерполистката од Србија во натпреварот против актуелниот шампион Шпанија, со звукот на сирената постигна гол од половина терен, за конечни 21-6 за ватерполистките на Шпанија.

Не би било толку спектакуларно доколку голот беше празен, но тоа не беше така, бидејки на голот на Шпанија во тој момент имаше три шпански ватерполистки.