ВИДЕО: Србија ја „потопи“ Хрватска на стартот од ватерполо шампионатот

србија ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Србија на стартот на европскиот шампионат во Белград, убедливо ја совлада Хрватска со 13-6 (3-1, 4-2, 5-1, 1-2). Натпреварот се одигра пред 11.000 гледачи во „Комбанк Арена“, што воедно претставува и рекордна посета на европските првенства. Репрезентативците на Србија на денешниот натпревар покажаа дека се едни од главните фаворити за освојување на европскиот ватерполо шампионат.

Српските „делфини" уште на стартот одиграа натпревар со силно темпо, кое хрватската репрезентација не можеше да го прати, иако поведоа први на натпреварот. До крајот на првата четвртина Србија постигна 3 гола и со 3-1 замина на мал одмор. Во вторите седум минути домаќините само го зголемија водството, за да на одмор заминат со високи +4 (7-3). 

Третиот период хрватската репрезентација се распадна, примајќи 5 гола, а постигна само еден. Во последниот период српските ватерполисти само го приведоа мечот кон крајот за убедлива победа од 13-6 и огромна радост на публиката во арената. Најефикасни Ватерполисти кај Србија беа Андрија Прлаиновиќ и Душан Мандиќ со по три погодока. Кај поразените Хрвати два погодока постигна Сетка.

Претходно во истата група очекувано Франција ја совлада Малта со 17-7. Во второто коло во вторник Србија игра против Малта, а Хрватска излегува на мегдан против Франција.