Ватерполото воведува промени, доаѓа и ВМС систем за разгледување на спорни моменти

Ватреполо

Челниците на Светската ватерполо федерација одлучија да воведат неколку нови правила кои ќе го модернизираат овој спорт. Тие треба да донесат динамика на натпреварите, но и намалување на нерегуларните моменти. 

За првпат во историјата ќе се користи VMS (Video Monitoring System), технологија слична на ВАР која што е воведена во фудбалот. Со помош на истата судиите ќе утврдуваат дали топката ја минала гол-линијата или е направен груб прекршок по кој следува исклучување.

Нови правила во ватерполото:

  • вториот напад по исклучување или корнер нема да трае 30, туку 20 секунди
  • може да се упати директен удар кон голот од слободните удари над шест метри
  • секој прекршок од зад грб врз играч во петте метри пред голот ќе се санкционира со пенал
  • голманот ќе смее да тргне во напад, односно да го преплива базенот и да постигне гол
  • ќе биде воведена ВМС технологија преку која судиите ќе разгледуваат спорни ситуации.
  • ќе бидат дозволени брзи замени до половина од базенот

Овие промени за првпат ќе бидат искористени на претстојниот Европа Купот во Загреб, на кој што ќе учествуваат Хрватска, Црна Гора, Грција, Италија, Унгарија, Русија, Србија и Шпанија.