Ватерполото со драстични промени по кои нема да биде ист спорт

Спортот во кој доминираат балканските држави, ватерполото од предстојното лето повеќе нема да биде ист, со оглед на тоа што ќе претрпи драстични промени во правилата.

Со ревидирањата на правилникот, ФИНА се одлучи овој спорт, кој и така е напорен, да го направи уште потежок, откако го намали бројот на играчи кои ќе можат да влезат во записникот за еден дуел, а намалени се и димензиите на базентот, како и времето за одмор меѓу периодите.

Во продолжени погледнети ги осумте промени во правилата за овој спорт:

- Намалување на базенот од 30 на 25 метри

- Намалување на бројот на играчи од 13 на 11

- Намалување на нападот од 30 на 25 секунди

- Времето на исклучувањето од 20 на 15 секунди

- Вкупно два тајм-аута, наместо сегашните четири

- Одморот помеѓу вториот и третиот период ќе биде три наместо пет минути

- Потопувањето на топката од страна на голманот нема да биде пенал, туку контрафаул

- После корнер, новиот напад ќе биде 15 секунди, наместо 30 (25) секунди.