Ватерполо трансфер-бомба: Прлаиновиќ потпиша за француски Марсеј

Ватерполо спортот објави голем трансфер помеѓу две сезони. Откако минатата недела унгарскиот ОСЦ официјално се распадна, спонзорот се повлече и сите ватерполисти се слободни, најдобриот од нив брзо пронајде нова средина.

Српскиот ватерполист Андрија Прлаиновиќ се сели во Франција и во сезоната 2020/21 ќе настапува за Марсеј. 33-годишниот Србин потпиша тригодишен договор со еден од најамбициозните клубови во Европа.

„Пресудна беше должината на договорот. Се наоѓам во години во кои многу ми е важна сигурноста на проектот. Гледате што се случава со ОСЦ Будимпешта“, вели Прлаиновиќ.

Од ростерот на екипата која го победи Про Реко и беше главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите, слободни да си побараат нова средина се и Митрович, Ердели, Ковач...