ВАТЕРПОЛО СЕНЗАЦИИ: Србија поразена од Бразил и Рудиќ, Шпанија убедлива против Хрватска

Ватерполо турнирот донесе уште неколку изненадувања во третото коло од групната фаза, кое заврши ноќва. Хрватска по две победи, загуби од Шпанија со 9-4 (2-0, 2-1, 1-2, 4-1).

Главен ас на натпреварот беше Еченике, кој постигна четири гола, а голем дел од нив во клучните моменти.

Сензацијата на денот ја „сервираше“ Бразил на Ратко Рудиќ, кој го совлада светскиот и европски првак Србија со 6-5 (0-2, 3-1, 2-0, 1-2). Прво име на средбата беше голманот Соро, кој своевремено ги бранеше боите на Србија, но сега ги „маѓепса“ најдобрите српски ватерполисти.

Максимален ефект има Италија, која го доби и третиот дерби меч. „Азурите“ ја совладаа Црна Гора со 6-5 (2-1, 1-1, 1-0, 2-3).