Ватерполо репрезентацијата на Србија за јубилејната 10. титула во Светската лига ќе игра против САД

Ватерполо репрезентацијата на Србија успеа да се пласира во ново финале на светската лига, откако на завршниот турнир во Кина ја совлада селекцијата на Италија со 7-4 (2-1, 2-1, 1-1, 2-1). „Делфините“ во финалето се пласираа доминантно, без да им дозволат на Италијаните водство во мечот.

Најзаслужен за пласман во големото финале беше Филип Филиповиќ со 3 гола, а по еден постигнаа Јакшиќ, Алексиќ, Чук и Рашовиќ. За Италија најпрецизен беше Фијоли со два гола. Србите во утрешното финале ќе атакуваат на јубилејната 10. титула од светската лига, а четврта по ред.

Во големото финале Србија ќе игра против репрезентацијата на САД, која дури по изведувањето на пеналите ја совлада Грција со 17-16. Натпреварот во регуларниот дел заврши 12-12.