• Зоран Мишевски
В понеделник започнува Светското првенство во ватерполо, како дел од пливачкиот Мундијал во Унгарија. Ватерполо репрезентацијата на Србија се најде во групата Д, заедно со Австралија, Казахстан и Соединетите Американски Држави. Натпреварите од групата Д ќе се играат во Сегедин.
Дебрецин ќе биде домаќин на репрезентациите од групата Б, дуелите од групата А ќе се играат во Будимпешта, додека Сопрон ќе биде домаќин на групата Ц. Домашната Унгарија ќе игра во групата А, со Бразил, Црна Гора и Грузија, во групата Б се Јапонија, Германија, Хрватска и Грција, а во групата Ц ќе се натпреваруваат Италија, Шпанија, Јужна Африка и Канада.
Победниците од групите добиваат директно во четвртфиналето, додека второпласираните и третопласираните ги играат натпреварите од осминафиналето.
Овој планетарен шампионат е прв на кој ватерполо турнирот ќе се игра во четири града.