Ватерполо ЕУРО: Грција ремизираше со Унгарија, Италија ја „прегази" Германија

На вториот ден од ЕП во ватерполо, кое се одржува во Белград се одиграа натпревари од групите Ц и Д, во кои главно се постигнати очекувани резултати. Најинтересен меч беше оној вечерниот мечн во кој репрезентацијата на Унгарија одигра 8-8 со Грција. Претходно во истата група Русија ја совлада репрезентацијата на Турција со високи 17-8.

Во останатите два меча кои се одиграа денес, фаворитот Италија, која е еден од главните претенденти за освојување на медал, убедливо ја совлада Германија, а Романија лесно излезе на крај со ватерполо репрезентацијата на Грузија.

Романија – Грузија   12-6 (2-1, 2-3, 5-1, 3-1)

Русија – Турција       17-8 (4-3, 4-0, 3-3, 6-2)

Италија – Германија 16-5 (2-0, 6-1, 4-3, 4-1)

Грција – Унгарија       8-8 (2-3, 3-2, 1-2, 2-1)

Утре на програмата се дуелите од групите А и Б, а најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Црна Гора и Шпанија.