Ватерполо ЕУРО: Грција го покри голот и ја прати Шпанија дома

Ватерполо репрезентативците на Грција

Ватерполистите на Грција се пласираа во полуфиналето на европското првенство во Србија. Во многу тврд и натпревар исполнет со исклучувања, Грција ја совлада Шпанија со 6-2 (2-0, 1-1, 2-0, 1-0).

Шпанците првиот гол го постигнаа во 5 минута од втората четвртина што говори каква одбрана играа нашите јужни соседи. Фунтулис постигна три гола, Мурикис, Милонакис и Влахопулос со по еден беа стрелци за Грција, а Маларах двапати погоди за „црвената фурија“. 

Вечерва во второто денешно четвртфинале се среќаваат Србија и Русија.