Ватерполо ЕУРО 2016: Сигурен старт на „црвената фурија“

Во првиот натпревар од Европското првенство во ветерполо, што се одржува во Србија, репрезентацијата на Шпанија ја победи Словачка со убедливи 13-4.

Фуриозен старт имаа шпанските ватерполисти, кои на почетокот на натпреварот поведоа дури со 8-0. Од тој момент, Шпанците беа свесни за победата, така што веднаш го намалија темпото на игра. На крај, Шпанија ја забележа првата победа на првенството, со 13-4.

Во останатите натпревари од денешната програма, Франција е огромен фаворит со Малта, Црна Гора игра со Холандија, додека дербито се игра во 20.45 часот, кога домаќинот Србија игра со вечниот ривал, Хрватска.