Ватерполо ЕУРО 2016: Рутински победи на фаворитите

На првите три натпревари од седмиот ден на Европското првенство во ватерполо во Белград, фаворитите не дозволија изненадувања и победија на сите три натпревари.

Шпанија убедливо славеше над репрезентацијата на Малта со 14-3 (3-1, 3-0, 7-1, 1-1), а Црна Гора не дозволи никакво изненадување против Франција и победи со 11-6 (6-3, 1-0, 2-1, 2-2). Домаќинот Србија, иако во еден момент се мачеше, успеа да слави над Словачка со 10-5 (3-3, 3-1, 2-1, 2-0).

Последниот натпревар помеѓу Холандија и Хрватска се игра вечерва во 20.15 часот.