Ватерполо ЕУРО 2016: Италија убедлива против Турција, Русите извојуваа тешка победа над Германија

Русија ватерполо

На Европското првенство во ватерполо, што се одржува во Србија, денес се одиграа четири натпревари. Фаворитите немаа никакви проблеми и забележаа победи на сите четири дуели. 

Во утринскиот термин, Италија беше убедлива против репрезентацијата на Турција, 16-2 (4-0, 3-0, 5-1, 4-1). Во вториот натпревар, Унгарија очекувано ја совлада Грузија со 14-3 (4-1, 4-1, 3-1, 3-0). Грција ја победи Романија со 15-9 (5-3, 5-3, 4-1, 1-2).

Во последниот натпревар, кој се одигра вечерва, репрезентацијата на Русија беше подобра од Германија со 9-6 (2-2, 3-1, 2-1, 2-2).