Ватерполо драмата за Италијанците: Шпанија постојано водеше, но на крајот загуби

И третиот меч од машкиот ватерполо турнир на Летните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро, љубителите на овој напорен и атрактивен спорт видоа вистинска драма во „Акватик центарот“ во Рио. Италија ја победија Шпанија со 8-9 (3-2, 2-1, 1-2, 2-4), иако во поголемиот дел од мечот водеа Шпанците. 

Со исклучок на стартот, постојано водеа Шпанците, кои подмладени со многу членови од младинскиот тим кој стана светски вицешампион, доминираа во мечот. Молина и Еспањол ја одржуваа предноста од 2-3 гола за избраниците на Габи Хернандез.

Но, Италијанците двојно повеќе време играа со човек повеќе и преку ветераните Фиљоли и Пришути направија серија од 3-0 и поведоа со 8-9. Шпанците имаа два напади и нереализираа еден петерец преку Хорхе Молина и го загубија воведниот натпревар (8-9). 

Фиљоли и Пришути постигнаа по три гола за Италија, а Молина со четири и Еспањол со три гола беа најдобри во шпанскиот табор. По натпреварот жестоки беа протестите на шпанските ватерполисти на делителите на правдата на овој натпревар.