Ватерполистот Никола Раџен со жалба до Меѓународниот суд во Лозана

Никола Раџен

Никола Раџен поднесе жалба до Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана, по одлуката на Антидопинг комисијата на Фина. Комисијата одлучи поради позитивен допинг тест на кокаин да го суспендира на четири години. Од Меѓународниот суд соопштија дека жалбата на трофејниот ватерполист ќе ја разгледаат на 11. јануари наредната година.


Поранешниот играч на Војводина, Партизан, Црвена Звезда и Олимпијакос уште на 25. август, денот кога му ја соопштија одлуката за неговата суспензија, најави дека ќе се жали бидејки тоа за него било голем психолошки удар. Српскиот ватерполист е носител на едно светско злато, две европски и  пет злата од Светската лига. На Олимписките игри е носител на два бронзени медали, 2008 во Пекинг и 2012 година во Лондон.