ВИДЕО: Ватерполистот Никиќ со ГОЛ со НОГА стави крај на својата богата кариера

Ватерполо репрезентацијата на Србија на Ташмајдан во феноменален натпревар со 14-12 ја совладаа репрезентацијата на светот. Натпреварот беше организиран во чест на Слободан Никиќ и Живко Гоциќ, кои се повлекоа од составот на популарните „делфини“.

Покрај спектакуларниот натпревар, на кој присуствуваа најголемите ѕвезди на ватерполо спортот, дуелот го одбележа и прекрасниот гол на Никиќ. Имено најтрофејниот српски ватерполист во историјата успеа да постигне прекрасен гол од петерец со волеј удар со нога, за крај на неговата кариера.

Слободан Никиќ со репрезентацијата на Србија има освоено 29 медали од големите натпреварувања.