Ватерполистките на Унгарија го освоија златото на ЕП во Србија

Женската репрезентација на Унгарија е нов европски шампион во ватерполо. Унгарките во финалниот натпревар ја победија Холандија со 9-7 (3-3, 1-2, 3-2, 2-0).

По два гола за Унгарија дадоа Ана Хана Киштелеки, Илдико Тот и Барбара Бујка, а по еден гол постигнаа Дора Антал, Орсоља Такач и Ана Кристина Иљеш. Сè до последната четвртина, кога Унгарките дадоа два, а не примија ниту еден гол, Холанѓанките се носеа рамо до рамо со противничките. Ова е трето злато за унгарската репрезентација на европските првенства. 

Бронзениот медал ѝ припадна на Италија, која беше подобра од репрезентацијата на Шпанија со 10:9 (2:3, 2:2, 4:2, 2:2).