• Иван Димовски

Женската ватерполо репрезентација на Србија имаше катастрофален прв натпревар на Европското првенство, бидејќи загуби од Шпанија со резултат 32-3.
Оваа победа беше вистински подвиг кој го изведоа шпанските ватерполистки, пред сè поради неверојатната партија во базенот. Првата четвртина ја завршија со 6-1, а Србинките дадоа уште два гола до полувремето. Сепак, во вториот дел ватерполистките на Шпанија одиграа одлично, не дозволија ниту еден гол во својата мрежа, а дадоа уште многу.
Србија во групата Б на Европскиот шампионат ќе игра уште со Италија, Франција, Израел и Словачка. Вака високите порази не се новитет за нив, бидејќи во минатото губеа од Унгарија со 27-0 и од Русија со 27-2.