• Горан Упале
Женската ватерполо репрезентација на Соединетите Американски Држави го одбранија златниот медал на Олимписките игри, бидејќи во големото финале славеше против Шпанија со убедливи 14-5 (4-1, 3-3, 5-0, 2-1).
Американките одиграа доминантен меч против една од најдобрите европски селекции, а клучен момент за победата беше третиот квартал во кој Шпанија немаше решение за противничкиот напад и Американките со 5-0 се одлепи на недостижни 12-4.
Головите за олимпискиот шампион ги постигнаа Медлин Маселман (три), Алис Вилијамс, Калег Гилшерт и Арија Фишер по два, Мелиса Седман, Рејчел Фатал, Маргарет Стивенс, Стефани Харалабидис и Мекензи Фишер по еден. За Шпанија пак стрелаа Гуди Гарсија (два), Беа Ортиз, Елена Руиз, Росер Тараго по еден.
Во борбата за бронзениот медал, Унгарија ја совлада Русија со 11-9. Петтото место го освои Австралија, која ја победи Холандија со 14-7, додека седмото место ѝ припадна на Канада, со победата над Кина од 16-7.