Ватерполистите на Србија триумфираа во Светската лига

Ватерполистите на Србија се освојувачи на овогодишната Светска лига, откако денес во финалето славеа победа над САД со 10-6 (2-0, 3-1, 3-0, 2-5). За популарните „делфини“ денешната титула е нивна јубилејна десетта, а четврта по ред.

Репрезентацијата на Србија клучната предност ја направи  во првите две четвртини, па на одмор замина со високи 5-1. Благодарение на феноменалната игра на Филип Филиповиќ, кој во тој дел постигна три гола, Американците беа „потопени“. До крајот „делфините“ одиграа само рутински и на крајот заслужено славеа со 10-6. Најзаслужен за победата беше Филип Филиповиќ со три гола, а Душко Пјетловиќ натпреварот го заврши со два.

Во натпреварот за третото место нашиот јужен сосед Грција славеше победа против Италија со 11-7.