Ватерполистите на Шпанија и Италија во финалето на „Волво Купот“

Ватерполо меч на „Волво Купот“ во Ѓер

На пет дена до почетокот на европското првенство во ватерполо во Белград, вечерва во Ѓер во Унгарија ќе се одигра финалето на силниот подготвителен турнир „Волво Куп“. Во меч за трофејот ќе играат Шпанија и Италија, кои се вбројуваат меѓу фаворитите за медал и во Србија.

Шпанија го изненади домаќинот на турнирот, Унгарија и ја совлада со 8-10 (2-4, 1-4, 4-2,1-0). Гонзало Ечениге со три гола беше играч на натпреварот. Италија лесно се справи со Словачка и ја совлада со 12-8 (5-3, 2-1, 3-1, 2-3).

Во контролни мечеви уште Хрватска го совлада Бразил воден од Ратко Рудиќ со 12-8, и Црна Гора која ја совлада Германија со 11-8.