Ватерполистите на Италија ја победија Грција и обезбедија полуфинале со Србија

Во последниот четврфинален натпревар на ватерполо турнирот, ватерполистите на Италија ја совладаа репрезентацијата на нашиот јужен сосед Грција со 9-5 (2-0, 2-2, 2-1, 3-2) и обезбедија место во полуфиналето, што значи и битка за медал.

Италијанците подобро го отворија мечот и по првата четвртина имаа водство од 2-0, а во продолжение Грците се обидуваа да се вратат, но безуспешно. На одмор се замина со 4-2 за Италија. До крајот Италијанците ги добија и преостанатите две четвртини и на крајот заслужено се радуваа на победа од 9-5. Најзаслужен за победата со три гола беше Пјетро Фиљоли. За Грција Фунтулис и Мурикис запишаа по два.

Во полуфиналето Италија ќе игра против најголемиот фаворит репрезентацијата на Србија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Хрватска и Црна Гора.