Ватерполистите на Хрватска го предадоа светскиот трон

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска е елиминирана од понатамошната борба за медал на Светското првенство, откако во четвртфиналето загуби од Унгарија со резултат 18-12. Избраниците на селекторот Ивица Туцак не успеаја да го одбранат шампионскиот трофеј освоен минатата година, иако мечот беше богат со голови и динамика.

Клучниот момент се случи во втората четвртина, кога Унгарците го наметнаа своето темпо и создадоа предност која ја одржуваа до самиот крај на натпреварот.

Со оваа победа, Унгарија обезбеди место во полуфиналето каде ќе се соочи со Србија, која претходно славеше над САД со 14-9. Другото полуфинале ќе го одиграат Шпанија и Грција.

Хрватска ќе го продолжи настапот во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место. Во првиот натпревар ќе се соочи повторно со селекцијата на САД, додека другата двојка ја сочинуваат Италија и Црна Гора.

ФОТО: Aniko Kovacs / World Aquatics