Ватерполистите на Грција се прв полуфиналист на СП во Будимпешта

Ватерполистите на Грција се првиот полуфиналист на Светското првенство, кое се одржува во Будимпешта. Репрезентативците на нашиот јужен сосед славеа во четвртфиналниот натпревар против Соединетите Американски држави со 16-11 и си обезбедија битка за медали. 

Првата четвртина тргна според планот за Грците, поведоа со 3-1 и изгледаа добро. Американците се вратија до егал на паузата со 4-6 во вториот период, а потоа Грција уфрли во брзина повеќе. Третата четвртина ја доби со 3-0, зa во завршницата само да ја потврди победата. 

Најефикасни на натпреварот со по пет гола беа Канакакис и Аргиропулос од Грција, додека кај Сoeдинетите Американски Држави со по три се истакнаа Халок и Бовен. 

Во полуфиналната фаза Грција ќе игра против подобриот од дуелот на домаќинот Унгарија и светскиот првак Италија.