Ватерполистите на Грција поразени од Австралија и го загубија првото место во групата

Во последниот коло на А групата од ватерполо турнирот на Олимписките игри во Рио, ватерполистите на нашиот јужен сосед Грција се непријатно изненадени и поразени од Австралија со 12-7 (5-3, 5-1, 0-1, 2-2) со што го загубија првото место.

Клучна за победата на Австралија беше втората четврина, која „кенгурите“ ја добија со високи 5-1 и на одмор заминаа со предност од +6 (10-4). Во продолжение за разлика од првиот дел и двете екипи постигнаа многу малку голови, па на крајот Австралија заслужено славеше со 12-7. Најзаслужен за победата беше Котерил со три гола.

Сега за ватерполистите на Австралија останува да се надеваат дека Србија ќе биде поразена од Јапонија, што би претставувало вистинско чудо за да можат да ги продолжат натпреварите. Во првиот денешен меч ватерполистите на Црна Гора ремизираа со Шпанија 9-9 и го освоија четвртото место пред осминафиналните дуели.