Ватерполистите на Ц. Звезда нема да играат во Сплит и ќе се вратат дома!

ЦЗ

Првиот човек на ватерполо сојузот на Србија, Виктор Јелениќ, потврди дека играчите на Црвена Звзда нема да настапат во Сплит и ќе се вратат дома.

Причината за оваа одлука е нападот врз Душан Васиќ и Милош Максимовиќ, како и голманот Александар Краљ кој за да побегне од напаѓачите скокна во морето.

Ватерполистите на српскиот гигант вечерва во 20:30 часот требаше да играат против Морнар Бродоспас во рамки од регионалната лига.

Хрватската полиција започна истрага и до крајот на денот ќе се обиде да ги идентификува петте лица кои го извршија нападот.