• Горан Упале
Како што пренесуваат хрватските и српските медиуми синоќа во Загреб дваесеттина хулугани нападнаа неколку млади ватерполисти на Србија.
Маскираните хулигани со тупаници и палки претепаа шест ватерполисти на Партизан, а по овој инцидент голманот на белградскиот клуб го извлече најдебелиот крај и се здоби со повреди во главата и со неколку скршени прсти на раката.
Овој инцидент веднаш беше пријавен во градската полиција, а во секој момент се очекува извештајот од Министерството за внатрешни работи за овој немил настан. Младите ватерполисти на Партизан во престолнината на Хрватска допатуваа за учество на кадетски ватерполо турнир.