Унгарките победија со 64-0 и срушија 34 години стар рекорд на Југославија

Унгарија Кореја

Највисоката победа во историјата на Светските првенства ја оствари Унгарија во дуелот со Кореја.

Големиот фаворит немаше милост во дуелот со корејските ватерполистки и славеше со 64-0 (6-0, 18-0, 16-0, 14-0). Причината за овој дебакл е неискуството кај аутсајдерот кој во своите редови имаше и членови кои никогаш претходно не настапиле на официјален натпревар.

Од сериозниот пристап и високата победа не беше задоволна Светската пливачка федерација (ФИНА) која не веруваше во вакво издание на репрезентативките на унгарскиот национален тим.

Претходниот рекорд на ватерполо терените датира од 1985 година кога Југославија ја победи Гватемала со 62-0.