Ватерполистките на Унгарија и Русија победија и се радуваа на полуфинале

Ватерполистките на Унгарија ја совладаа Холандија во супер-ефикасен меч во четвртфиналето со 14-11 (8-7) и ќе разигруваат за медали на Олимписките игри во Токио.

Овој изедначен четвртфинален пар сериозно се надигруваше и долго беше изедначено. По првата четвртина Унгарија водеше со еден гол, а и на пауза заминаа со минимално водство од 8-7. Холанѓанките се обидоа да се вратат, одиграа 2-2 по паузата и најавија неизвесен финиш. Сепак, во последниот период Унгарија пак успеа да биде подобра и со финални 4-2 го решија ефикасниот дуел во своја полза. 

Изедначен натпревар одиграа и селекциите на Русија и Австралија, кој заврши со победа на „зборнаја“ од 9-8. Првиот период од осум минути беше клучен, бидејќи Русите направија предност од два голови која подоцна низ натпреварот се испостави како клучна. Иако Австралијците се обидоа да се вратат, на крајот загубија и Русија ќе игра полуфинале. 

Полуфиналињата се закажани за два дена со старт во 08:30 часот. Унгарија оди на дуел со Шпанија, додека Русија ќе се пресмета со САД.