Унгарија со победа над САД закажа полуфинале против Шпанија

Репрезентацијата на Унгарија се пласира во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо, откако ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави со резултат 13-12 (4-4, 3-1, 3-2, 3-5). 

Унгарците им се приклучија на репрезентациите на Србија и Грција, кои веќе обезбедија пласман меѓу четирите најдобри.

Полуфинален противник на Унгарците ќе им биде селекцијата на Шпанија. „Фуријата“ во последното четвртфинале ја доби драмата со Франција со 7-6 (1-2, 1-2, 2-1, 3-1). Со тој исход Шпанците патуваат во полуфиналето, додека Французите заедно со Американците во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место.

Полуфиналните натпревари  наСветското првенство во ватерполо, кое се одржува во јапонскиот град Фукуока, се играат в сабота.