Унгарија сензационално елиминирана од Светската лига во ватерполо

Во Светската лига во ватерполо вчера во Белград на распоредот беа натпреварите од четвртфиналната фаза. Полуфинални визи извадија селекциите на Србија, Хрватска, Австралија и Шпанија. 

Четвртфинале:
Унгарија – Австралија 15-16 по изведување пенали
Јапонија – Хрватска 13-20
Шпанија – Казахстан 19-10
Канада – Србија 5-20

Полуфинале: 
Австралија - Србија
Хрватска - Шпанија

Вчерва се игра полуфиналето, а финалето е закажано за в недела.

Само победникот на турнирот ќе обезбеди учество на Олимписките игри во Токио следната година.