Унгарија последен патник во полуфиналето на ЕП во ватерполо

Ватерполистите на Унгарија се последниот учесник во полуфиналето на ЕП во Ватерполо кое се одржува во Белград. Во четфртфиналето беа подобри од репрезентацијата на Хрватска, која ја совладаа со 8-5 (2-1, 3-2, 1-1, 2-1). За унгарските ватерполисти денешната победата беше осма во нивниот деветти меѓусебен дуел.

Ватерполисти на Унгарија го контролираа натпреварот од самиот почеток, и во ниту еден момент не и дозволија на Хрватска да има водство во натпреварот. Најдобар стрелец во унгарскиот тим беше Андор Варда со три гола, два постигна Балаш Халаи. Кај поразенита Хрватска најефикасен беше Анте Вукичевиќ со два погодоци.

Во полуфиналето Црна Гора игра против Унгарија, а домаќинот Србија за противник ја има Грција.