Унгарија по петерци го грабна европското злато во ватерполо по 21 година

Ватерполистите на Унгарија дојдоа до ново златно одличје на Европските првенства (ЕП), откако во драматично финале по петерци славеше над Шпанија (14-13).

Дуелот меѓу двете селекции беше вистинско уживање, во првиот период доминираше „фуријата“ (1-3), додека во вториот Унгарците се вратија и направија пресврт (4-3). Третиот период беше изедначен, во четвртиот Шпанија се спаси (9-9), па мечот замина на петерци (5-4).

За Унгарците ова беше прво европско злато по 21 година, прво по 1999 година. Најдобри кај победникот беа Манхерж, Варга и Заланки со пет гола, додека кај Шпанија, Мунарис заврши со три гола.

Третото место на ЕП го освои Црна Гора, која со неверојатен кам-бек беше подобра од Хрватска (10-9), додека во борбите за петто и седмо место Грција беше подобра од Русија (11-9), а Србија ја совлада Италија (8-7).